Според анализа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, со комбинација на платнена врз хируршка маска се блокираат над 92 проценти од потенцијално заразните честички
Со носење две маски преку лицето – платнена врз хируршка, се зголемува заштитата од ковид-19, се нагласува во анализа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Истражувачите откриле дека комбинацијата на тие две маски блокира 92,5 проценти од потенцијално заразните честички, бидејќи создаваат поголема заштита околу лицето, пренесува Си-Ен-Ен.
Утврдено е и дека хируршката маска, доколку се свитка на краевите и се врзува околу ушите, го намалува продирањето на патогените микроорганизми и блокира 63 проценти од аеросолите што можат да содржат ковид-19, што е значајна промена во споредба со 42-процентна заштита, колку што штити хируршка маска ако не е врзана околу ушите.