Во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот
Во изминатото деноноќие, девет лица починаа од компликации од ковид-19, додека од 2 863 теста, регистрирани се 476 нови заразени со коронавирус, соопшти поплааднево Министерството за здравство.
Починатите лица се на возраст од 53 до 81 – годишна возраст, од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г) и Кочани (63г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Новите случаи на ковид-19 се во: Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци – по 31, Охрид – 24, Велес – 23, Куманово – 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.
Регистрирани се и 407 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95 347, а на починати е 2 955, додека активни случаи има 6 546.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов состојбата по градови е следна:
Скопје 41681, активни 3256
Куманово 5295, активни 255
Тетово 5210, активни 235
Прилеп 4675, активни 179
Гостивар 3667, активни 135
Штип 3532, активни 81
Битола 3280, активни 126
Велес 3208, активни 221
Охрид 2957, активни 368
Кавадарци 2802, активни 360
Струмица 2586, активни 158
Струга 2284, активни 156
Кочани 1757, активни 52
Кичево, 1742, активни 85
Свети Николе 1090, активни 20
Гевгелија 1047, активни 102
Неготино 1001, активни 68
Дебар 776, активни 68
Ресен 764, активни 76
Крива Паланка 746, активни 40
Радовиш 732, активни 48
Делчево 674, активни 202
Берово 608, активни 26
Пробиштип 520, активни 28
Виница 501, активни 28
Валандово 332, активни 11
Демир Хисар 254, активни 11
Македонски Брод 248, активни 10
Кратово 240, активни 22
Богданци 226, активни 8
Демир Капија 224, активни 47
Крушево 225, активни 40
Македонска Каменица 192, активни 9
Пехчево 183, активни 7
Дојран 88, активни 8
Направените 2 863 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-240, Биотек-241, Жан Митрев (Филип Втори)-268, Систина-186, лабораторија Лаор–144, МАНУ-145, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Синлаб-38, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 890, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-5.
Досега во земјата се направени вкупно 474 280 тестирања на ковид-19.

Претходно, Министерството објави дека во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со нив, вкупно 265 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, најмногу се примени на Инфективната клиника – 11 пациенти, потоа на интерните клиники 9 и во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ 6 нови пациенти.