Со денешните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94 196, а на починати е 2 908, додека активни случаи има 7 654
Осум лица починаа како последица на компликации од ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Се работи за лица кои се лекувале во болница и се на возраст од 54 до 85-годишна возраст од Куманово (73г и 81г), Охрид (55г и 85г) Скопје (80г), Велес (54г), Струмица (80г) и Берово (84г).
Во последните 24 часа се направени 2 161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје 179, потоа Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по еден.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти.
Со денешните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94 196, на оздравени пациенти е 83 634, на починати е 2 908, а бројот на активни случаи изнесува 7 654.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
| Дистрибуција по градови | Заболени (вкупно) | Активни случаи (вкупно) |
| Скопје | 41156 | 3872 |
| Куманово | 5249 | 306 |
| Тетово | 5172 | 297 |
| Прилеп | 4612 | 155 |
| Гостивар | 3649 | 187 |
| Штип | 3519 | 92 |
| Битола | 3249 | 138 |
| Велес | 3167 | 252 |
| Охрид | 2882 | 419 |
| Кавадарци | 2722 | 368 |
| Струмица | 2557 | 218 |
| Струга | 2256 | 196 |
| Кочани | 1741 | 60 |
| Кичево | 1732 | 111 |
| Свети Николе | 1087 | 35 |
| Гевгелија | 1027 | 111 |
| Неготино | 987 | 85 |
| Дебар | 768 | 78 |
| Ресен | 747 | 90 |
| Крива Паланка | 735 | 37 |
| Радовиш | 726 | 54 |
| Делчево | 657 | 210 |
| Берово | 602 | 37 |
| Пробиштип | 511 | 28 |
| Виница | 499 | 30 |
| Валандово | 326 | 7 |
| Демир Хисар | 251 | 11 |
| Македонски Брод | 246 | 11 |
| Кратово | 236 | 23 |
| Богданци | 226 | 17 |
| Демир Капија | 224 | 52 |
| Крушево | 218 | 35 |
| Македонска Каменица | 191 | 17 |
| Пехчево | 183 | 7 |
| Дојран | 86 | 8 |
Направените 2 161 теста се преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-253, Биотек-217, Жан Митрев (Филип Втори)-137, Систина-160, лабораторија Лаор-119, МАНУ-90, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-7, ГАК-0, Синлаб-39, Ремедика-9, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 561, УК Пулмологија со алергологија-3.
