Координаторот на советничката група на СДСМ во Општина Ѓорче Петров, Влатко Цветковски пријавил во полиција дека бил нападнат од од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Насилничката, режимска матрица се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ како на централно така на локално ниво. Улогата на советниците во единиците на локалната самоуправа е да предлагаат мерки и прокети за развој на општината. Но тоа очигледно не важи за советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На последната седница на Советот на општина Ѓорле Петров јас бев предмет на директни, јавно искажани закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Пред сите советници, од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Мисајалевски бев физички нападнат и добив директни закани по својот живот и безбедносра на моето семејство“,
рече Цветковски на прес-конференција.
Тој рече дека случајот го пријавил во полиција и дека очекува разрешница.
„Оваа прилика ја користам да упатам апел до локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со обидите за неискрени извинувања, заканата од Мисајлевски е сериозна и со неа ќе се занимаваат надлежните органи. Инаку ова не е првпат функционери на ВМРО-ДПМНЕ да се закануваат кон советници во Општина Ѓорче Петров. Јас лично, но и други советници сме сведочеле на брутални закани од страна на советници од редивите на ВМРО-ДПМНЕ., Секому му е јасно, јасно им е и во белиот дворец дека ВМРО-ДПМНЕ и овде во Ѓорче и секаде низ државата ќе доживее убедлив пораз на претстојните локални избори. Но закани по бебзедноста, закани по сигурноста на цели семејства нема да толерираме“,
порача Цветковски.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со измислени закани плаче пред јавноста
По неговата прес-конференција со реакција излегоа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ја разбираме нервозата на советниците на СДСМ во Ѓорче Петров, таа не доаѓа поради измислените закани поради кои плачат во јавноста, туку поради тоа што народот не ги сака затоа што СДСМ во Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник во Скопје а и пошироко. СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното. Градоначалникот Наумовски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.