Министерот за здравство вели дека последната препорака е и граѓаните кои биле заболени од ковид-19, после месец дена, без разлика дали имаат или немаат антитела, да се вакцинираат
Здравствените работници, како приоритет, веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини – во Клиничкиот центар во еден пункт, а во другите градови во здравствените домови каде што ќе се аплицираат вакцините.
Во однос на другите категории, согласно возраста и хроничните болести, веќе е направен список со име и презиме на 14.000 луѓе, кои ќе бидат повикувани само преку матичните лекари, а преку системот „МојтТермин“.
За ова зборуваше министерот за здравство Венко Филипч на ТВ телма, објаснувајќи ја Националната стратегија за вакцинација, што Владата ја усвои на 26 јануари.
Како што соопшти Министерството за здравство, според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против ковид-19 ќе се спроведе во три фази.
Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст – лица постари од 70 години.
Филипче потенцира дека последната препорака е дури и граѓаните кои биле заболени од ковид-19, после месец дена, без разлика дали имаат или немаат антитела, да се вакцинираат.
„Единствената контраиндикација за вакцинација е да имаат некаков симптом на болеста и само во тоа сценарио граѓанинот нема да се вакцинира. Во втората фаза, предвидено е да се вакцинираат групите на постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход кои не се опфатени во фаза I, лица на возраст од 65 години и постари. Во планот за вакцинација, опфатени се и лицата на возраст од 20-65 години со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување тешка болест, компликации или смртен исход. Понатаму, здравствени работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекција, вработени во витални институции за нормално функционирање на општеството, како и вработени во образовни институции вклучени во настава со физичко присуство и вработени во детски градинки“,
објаснува Филипче.
Тој рече дека во третата фаза се опфатениостанати есенцијални работни места за нормално функционирање на општеството, останати вработени во образование (основно, средно и високо), социјалните групи со зголемен ризик од стекнување и пренесување на инфекција затоа што не се во состојба да одржуваат физичка дистанца, здравствените работници со низок ризик да стекнат и пренесат инфекција и здравите лица на возраст од 30-64 години.