Најмалку четири лица загинаа во ковид-болница во Букурешт при пожар што избувна рано утрово.
Здравствените власти информираат дека се евакуирани 102 пациенти од болницата.
Во меѓувреме, пожарот, кој избувнал околу 4 часот во една од зградите во болницата „Матеј Балс“ во Букурешт, е изгаснат.
Полицијата сè уште не ги соопшти причините за пожарот.
Министерот за здравство на Романија, Влад Воицулеску, рече дека недозволиво е ова што се случува во болниците низ земјата, алудирајќи на тоа дека ова е втор пожар во ковид-центар во земјата за само неколку месеци.
„Точно е дека прво мора да истражиме што се случило. Но, ова често се случува во земјата и не е дозволиво, одговорност мора да има“,
рече Воицулеску.
Во ноември 2020 година, се случи пожар во ковид-центарот во Пиатра Нимц, тогаш загинаа десет ковид-пациенти, а еден од докторите преживеа откако се лекуваше во белгиска болница.