Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци, од кои првиот треба да се одржи во февруари, но неговиот датум сѐ уште не е договорен
Последната средба заврши без резултат откако македонската страна одбила да ги потпише и записниците бидејќи нивните бугарски колеги не сакале да се користи придавката македонски
Претставници на Заедничка бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашање денеска ќе одржат онлајн состанок на кој треба да ги прецизираат текстовите на записниците од претходните средби, кои сè уште не се потпишани.
Копретседавачот од македонска страна, Драги Ѓоргиев, за МИА потврди дека разговорите на кои ќе има по тројца претставници од двете страни ќе бидат од техничка природа.
Член на бугарската страна за БГНЕС, пак, потврдил дека на денешните разговори нема да се дискутира за никакви историски прашања.
Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци, од кои првиот треба да се одржи во февруари, но неговиот датум се уште не е договорен.
Последниот, 11. состанок на Заедничката комисија се одржа на 4 декември.
На прес-конференцијата по дводневната средба, јавноста дозна дека не се постигнати нови заклучоци бидејќи членовите на Комисијата заглавиле на една техничка пречка и една суштинска точка – македонската страна одбила да ги потпише и записниците од деветтиот и десеттиот состанок (досега се одржани 11) бидејќи нивните бугарски колеги одбивале да се користи придавката македонски.
