Владата во вторникот го усвои планот за распределба на административните службеници вработени според програмата К5, што го подготви првиот вицепремиер
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, утре, на прес конференција, ќе соопшти како ќе се распоредуваат административните службеници вработени преку програмата К5.
Како што најавија од кабинетот на Груби, тема на прес – конференцијата ќе биде планот за распоредување на административните службеници, што го усвои владата, на седница во вторникот.
Планот што Груби го достави до Владата во почетокот на овој месец предвидува распределба на 1 357 административни службеници во вкупно 258 институции на локална самоуправа и други државни органи. Ова се однесува на работените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година.
