Министерот за правда, Бојан Маричиќ го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.
Тој порача граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите кои вели, се подготвени за спроведување на оваа статистичка операција. Резултатот од пописот, според министерот, ќе биде основна алатка за креирање развојни политики, а од него директна корист ќе има и бизнис заедницата.
„Сакам да ја поздравам одлуката на Собранието, кое предмалку го изгласа Законот за попис. Им порачувам на граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите. Државниот завод за статистика и институциите се повеќе од подготвени за спроведување на пописот, а пробниот по оваа нова методологија веќе беше поздравен од Европската комисија. После речиси две децении државата конечно ќе спроведе ваква сложена статистичка операција, а резултатот од истиот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики. Директна корист од пописот ќе има и бизнис заедницата“,
напиша Маричиќ на Фејсбук.
