Бајден вчера потпиша извршна наредба за укинување на одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за повлекување на земјата од СЗО
Главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, Ентони Фаучи, денеска потврди дека САД ќе останат членка на Светската здравствена организација (СЗО).
Бајден вчера потпиша извршна наредба за укинување на одлуката на администрацијата на Доналд Трамп за повлекување на земјата од СЗО.
Фаучи додаде дека САД ќе ги исполнат своите финансиски обврски кон СЗО и ќе престанат да ги отповикуваат вработените кои работат со организацијата.
Тој, исто така, соопшти дека Бајден најверојатно ќе потпише директива со намера да се приклучи на иницијативата Ковакс, чија цел е да се обезбеди рамномерна дистрибуција на вакцината за коронавирусот низ целиот свет.
Преку него се очекува да бидат испорачани 1,8 милијарда дози во посиромашните земји оваа година.
„Нашите предвидувања укажуваат дека треба да ги исполниме условите за вакцини поставени од самофинансирачки членови на системот во втората половина на 2021 година“,
објавија од Алијансата за вакцини ГАВИ во име на Ковакс.
Ковакс заеднички го водат Алијансата за вакцини ГАВИ, Светската здравствена организација и други, кој во случајов треба да покрие со вакцини околу 27 проценти од населението во државите што се дел од него.