Најавата засега е дека тоа има шанси да се случи уште утре, но ќе видиме како ќе течат овие разговори и административните постапки во однос на самиот транспорт, приемот и пречекот на вакцините, изјави министерот за здравство
Министерот за здравство Венко Филипче веднаш започнал разговори со српскиот колега Златибор Лочнар за техничките детали и точното време на испорака на вакцините, по аразговорот на премиерот Зоран Заев со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кои договориле Србија да ѝ даде 8 000 вакцини на „Фајзер“ на нашата земја.
„Најавата засега е дека тоа има шанси да се случи уште утре, но ќе видиме како ќе течат овие разговори и административните постапки во однос на самиот транспорт, приемот и пречекот на вакцините. Станува збор за ‘Фајзер’ вакцина, која заедно со ‘Модерн’“, е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА“,
изјави Филипче за Канал 5 , но истакна дека сите вакцини што сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји.
Во однос на чувањето на вакцините, министерот Филипче рече дека близу 100 илјади вакцини може да се складираат во еден фрижидер.
„Фрижидерите што ги најавувавме како донација се пристигнати завршуваат административните постапки околу царинењето. Но, и во овој момент можеме да сместиме вакцини во постојните фрижидери кои ги имавме за друга намена од лабораториите на Институтот за трансфузиологија“,
додаде Филипче.
