Полицијата во текот на ножта и утрово растурила две домашни забави во Скопјеприведе 13 лица на две домашни забави во Скопје, при што се приведени 13 лица, бидејќи се собирале и покрај забраната која е во сила како дел од мерките за спречување на ширењето на ковид-19.
Едната забава, како што соопшти МВР, била во стан на ул.„Рајко Жинзифов“, каде било пријавено дека има гласна музика. Нешто пред 3 часот наутро полицијата со судска наредба извршила контрола и привела осум лица, на возраст од 25 до 35 години, меѓу кои и сопственикот на станот.
Во истиот период, во иста таква акција, но на улицата „Елисие Поповски Марко“ интервенирала Единицата за внатрешни работи Центар и Интервентната полиција, каде имало домашна забава на која присуствувале пет лица, 4 од Скопје и едно од Битола и сите се приведени.
Против сите 13 приведени лица ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Ова не е првпат само последниве два месеци полицијата да растури домашни забави со повеќе лица, кои се забранети поради пандемијата.
