Нашите репрезентативци ги завршија квалификациите како една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи
Македонските одбојкари се пласираа на Европското првенство што ќе се одржи во Финска, Естонија, Полска и Чешка
Одбојкарската репрезентација го добија вториот меч со Турција, обезбедувајќи три победи наспроти еден пораз во квалификациите.
Нашите репрезентативци квалификациите ги завршија на второто место, со ист број бодови како и Турција, но со еден загубен сет повеќе.
На Европско првенство, сепак, одиме како една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи.
Македонската одбојкарска репрезентација по вторпат ќе игра на ЕП, откако нашите одбојкари вечерва во Скопје ја совладаа Турција со 3 спрема 1.
Првиот настап на македонските одбојкари на ЕП беше во Словенија.