Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1 степен, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени
Снег во јужните и северните делови од земјава, со умерен, повремено засилен северен ветер, е прогнозата за утре од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1 степен, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 0 степени.
Локални врнежи од снег ќе има и в недела кон крајот на денот, особено во северните делови. Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.
