Од полноќ, 14 јануари, македонските граѓани до утре ќе може да влезат во Србија без задолжителен негативен резултат од ПЦР тест.
Одлуката ја донесе српската влада, а вчера, како што соопштија властите во Скопје, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во телефонски разговор го информирала премиерот Зоран Заев.
Покрај за Северна Македонија, српските власти ги укинуваат ПЦР тестовите и за државјаните на Албанија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, на 30 октомври 2020 постигнаа договор државјаните на трите земји да може да ги минуваат граничните премини без ПЦР-тест. Тројцата тогаш договорија и граѓаните на овие држави да може да се лекуваат во болниците во која било земја доколку се разболат од ковид за време на престојот.
Меѓутоа, договорот за ПЦР тестовите беше ставен во мирување од 20 декември 2020 кога српските власти одлучија во пресрет на новогодишните празници да ги засилат рестрикциите и да воведат задолжителен негативен резултат од тестирање и за своите државјани и за страниците кои влегуваат на нивна територија.
