Со вакво барање, шефот на дипломатијата му возврати на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој повторно побара надлежните во извршната власт да реферираат пред собраниската Комисија за надворешни работи за проблемот со Бугарија
Пратеникот Антонијо Милошоски како претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, денеска со писмо ги повика вицепремиерот за економски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да дојдат на седница што ќе ја закаже до крајот на јануари на која би дискурирале за македонско-бугарските односи.
„Крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските после Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот. Тогаш низ сериозна дискусија ќе се знае дали има достоинствен излез од овој ќорсокак, дали некој на Македонија и спрема ново анекс-предавство, и кој ќе поднесе оставка затоа што нефункциониот Договор наместо датум ни донесе вето на патот кон ЕУ“,
објави Милошоски и на својот фејсбук-профил.
Време е да паднат маските после Василица❗ ?Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа…
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, January 12, 2021
Ова не е прв повик од Милошоски до Осмaни и Димитров да дојдат и да реферираат пред пратениците во Комисијата за спорот со Бугарија.
На комисиската седница во ноември, Милошоски донесе макета на вицепремиерот Димитров на која тој е прикажан со маска со знакот „икс“, алудирајќи на тоа дека Димитров не доаѓа на комисиските седници на кои опозицијата иницира дебата за спорот со Бугарија.
Министерот Османи, пак, експресно му одговори исто така преку Фејсбук, со услов: прво да се одблокира работата на Комисијата и да можат именуваните амбасадори да ги презентираат своите програми.
„Во духот на взаемната соработка од интерес на надворешната политика да ја закажете и седницата на Комисијата за надворешна политика на која ќе можат избраните предлог – амбасадори кои веќе ги минале сите постапки и добиле согласност/агремани од земјите за упатување, да го одбранат тезите пред пратениците и да бидат упатени во соодветните дипломатско – конзуларни претставништва“,
вели Османи во одговорот, додавајќи дека е подготвен низ транспарента постапка да ги отворат сие прашања поврзани со надворешната политика низ почести средби и тематски седници во рамки на Комисијата.
Во октомври лани четворица идни амбасадори – Данчо Марковски (за Република Албанија), Сали Лимани (во Република Казахстан), Шпреса Јусуфи (во Република Косово) и Марија Ефремова (во Светата Столица) денеска ги претставија своите приоритети пред Комисијата за надворешна политика, кои се дел од 16-минатат кои требаше да заминат на своите дипломатски функции.
Некои од нив требаше да заминат уште во март лани, но процедурата беше закочена во собраниската Комисија за надворешна политика, со која и во претходниот собраниски состав и сега претседава Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму поради ова, поранешниот министер за надворешни работи сега вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, на примопредавањето на функциите со Бујар Османи, изјави дека оваа практика најверојатно треба да се смени за да се избегне, како што рече, дневното политикантство.
Претставувањето на платформите на кандидатите за амбасадори, кои добиле агремани од земјите и мисиите во кои заминуваат, е претпоследниот чекор пред стапувањето на функцијата.