Ваква информација вечерва се појави на официјалната веб – страница на американскиот Стејт Департмент, во делот на биографијата на претседателот во заминување Доналд Трамп
„Мандатот на Доналд Џ. Трамп заврши во 2021 на 01/11 во 19:38:51 часот“.

Ваква информација вечерва се појави на официјалната веб – страница на американскиот Стејт Департмент www.state.gov, во делот на биографијата на претседателот во заминување Доналд Трамп.
Покрај името на Трамп стои дека тој е избран на 20 јануари 2017 година и дека се уште е актуелен претседател, а веднаш под тоа дека неговиот мандат завршил во 2021 година на 01/11, односно денеска и време кога најверојатно е поставена информацијата.
За само половина час, информацијата беше остранета и поставено е известување дека пристапот до веб – страницата е оневозможен поради технички проблеми.

Засега нема потврда дали се работи за хакерски напад.