Иако највисокиот суд во САД се уште формално има можност да одлучува по поднесоци за изборите до пролет, малку веројатно е дека биде прифатена каква било жалба на резултатите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин
Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите во врска со исходот од изборите во пет држави, во кои победи новоизбраниот претседател Џо Бајден, а беа поднесени од претседателот во заминување Доналд Трамп – Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.
И пред тоа, судиите не покренаа постапка во ниту еден од тие случаи пред минатонеделното пребројување на изборните гласови на Конгресот, што ја потврди победата на Бајден.
Судот се уште може да постапува по жалбите поврзани со изборите што се одржаа на 3 ноември до пролет. Неколку судии изразија интерес за случајот во Пенсилванија, каде највисокиот суд во оваа сојузна држава одлучи да го продолжи рокот за прием на гласачките ливчиња добиени по пошта за три дена.
Но, дури и ако судот покрене случај поврзан со изборите, веројатно нема да ги слушне аргументите до есен.