Седуммина загинаа во пожар во дом за стари лица во Сибир.

Станува збор за приватен дом за стари лица во регионот Тјумен во западен Сибир. Полицијата го уапсила сопственикот на домот под обвинение дека ги прекршил безбедносните прописи зашто објектот не бил регистриран да биде дом за стари лица.