Во моментов активни се 16 704, од кои над 10 000 се во Скопје
Во последните 24 часа се регистрирани 166 нови случаи со ковид-19 од направени 1 049 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
По градови, новите случаи се во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.
Починати се 10 лица: тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78 г); двајца од Штип (59 и 55 г); двајца пациенти од Скопје (86 и 66 г); еден од Куманово (72г); еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Сите се починати во болнички услови.
Активни се 16 704 случаи
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85 494, бројката на оздравени пациенти е 66 209, на починати е 2 581, а бројот на активни случаи изнесува 16 704. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 37 009, активни 10 231
- Куманово 4 838, активни 476
- Дебар 661, активни 116
- Штип 3 350, активни 191
- Прилеп 4 325, активни 413
- Тетово 4 833, активни 705
- Струга 2 080, активни 229
- Велес 2 828, активни 394
- Битола 3 096, активни 430
- Охрид 2 527, активни 432
- Кавадарци 2 226, активни 484
- Гостивар 3 436, активни 451
- Гевгелија 1 202, активни 231 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 2 360, активни 440
- Крива Паланка 651, активни 102
- Радовиш 633, активни 71
- Крушево 169, активни 29
- Кочани 1 637, активни 179
- Пробиштип 459, активни 34
- Демир Хисар 239, активни 33
- Македонски Брод 223, активни 13
- Пехчево 159, активни 21
- Берово 531, активни 66
- Валандово 317, активни 41
- Виница 458, активни 59
- Делчево 677, активни 201 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 195, активни 10
- Свети Николе 1047, активни 68
- Кичево 1 599, активни 183
- Ресен 664, активни 122
- Неготино 1 065, активни 249 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 049 теста се преку: ИЈЗ-174, ЦЈЗ Скопје-53, Авицена-185, Биотек-125, МАНУ-115, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода-162, лабораторија Лаор – 63, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест)-75, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Ковид-19.
