Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2 452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-300, Куманово-29, Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), двајца пациенти од Охрид (58 и 69г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85 328, бројката на оздравени пациенти е 65 793, на починати е 2 571, а бројот на активни случаи изнесува 16 964.
