До утрово до 8 часот во болниците во главниот град имало околу 100 слободни кревети
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти, а отпуштени се 26 оздравени.
Со тоа вкупната бројка на пациенти, потврдени или сомнителни на ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, изнесува 345.
„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“,
велат од Министерството за здравство.
Најмногу од хоспитализираните во Скопје се во Градската општа болница „8 Септември“ – 102, и на Инфективната клиника – 94. Во Детската клиника во Козле, пак, има 17 пациенти.
Во останатите клиники состојбата е следна: на Кожната клиника лекува 21 пациент; на Клиниката за неврологија 24; на Институтот за ТБЦ 26; на Клиниката за нефрологија 22; на Клиниката за очни болести 5; на ОРЛ 15; а на Клиниката за гастроентерохепатологија 19 пациенти.
