Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, на 4 јануари полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Г.П. (45) од Вевчани, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Тој на својот фејсбук-профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видеоклип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица“,
информираат од МВР.
При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, како што посочија од МВР, пронајдени се и одземени лаптоп-компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
