И покрај тоа што вечерва нема организиран дочек на Нова година на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје поради мерките за заштита од коронавирусот, граѓаните не ги напушта празничниот дух.
Центарот на главниот град е полн со луѓе, а присутна е и полицијата. На самиот плоштад и на улица „Македонија“ има штандови со новогодишни украси, балони и честитки.
За најмалите атракција е Дедо Мраз со кого се фотографираат. Во продолжение погледнете ја фотогалеријата на „360 степени”.











