Меѓу земјите членки, најголем месечен пад на индустриското производство во август е регистриран во Белгија од 5,1 отсто, Ирска од 3,1 отсто и Португалија од 2 отсто. Најголем раст имале Шведска од 6,5 отсто, Естонија од 4,3 отсто и Холандија од 2,6 отсто
Индустриското производство во еврозоната во август годинава е намалено за 0,5 отсто во споредба со јули, додека во Европската Унија падот изнесува 0,3 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.
На годишно ниво, во споредба со август 2025 година, индустриското производство во еврозоната е намалено за 1,1 отсто, а во ЕУ за 0,2 отсто.

Месечниот пад во еврозоната се должи пред сè на намаленото производство на нетрајни потрошувачки стоки, кое опаднало за 2,7 отсто.
Намалување е забележано и кај интермедијарните производи за 0,8 отсто и енергијата за 0,6 отсто. Од друга страна, производството на капитални добра е зголемено за 0,4 отсто, а на трајните потрошувачки стоки за 0,2 отсто.
Слични движења се забележани и на ниво на ЕУ. Производството на нетрајни потрошувачки стоки е намалено за 2,3 отсто, на енергија за 0,5 отсто, а на интермедијарни производи за 0,3 отсто. Производството на капитални добра е зголемено за 0,7 отсто, додека кај трајните потрошувачки стоки останало непроменето.
Меѓу земјите членки, најголем месечен пад на индустриското производство во август е регистриран во Белгија од 5,1 отсто, Ирска од 3,1 отсто и Португалија од 2 отсто. Најголем раст имале Шведска од 6,5 отсто, Естонија од 4,3 отсто и Холандија од 2,6 отсто.
На годишно ниво, најголем пад е забележан во Ирска од 15 отсто, Белгија од 7,1 отсто и Бугарија од 5,4 отсто. Најизразен раст имале Холандија од 9,8 отсто, Унгарија од 8,8 отсто и Данска од 8,3 отсто.
Податоците на Евростат се однесуваат на индустриското производство без градежништвото, при што се направени сезонски и календарски приспособувања.
