Изминатава година ја одбележа нашето членство во НАТО, спроведените предвремени парламентарни избори, пандемијата со ковид-19. Ова, во своето новогодишно обраќање, го рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тој изрази сочувство до семејствата што изгубија свои блиски поради коронавирусот.
„Ја завршуваме оваа година со надеж дека влегуваме во нова во која очекуваме првенствено да бидат надминати сите овие состојби околу пандемијата, во којашто очекуваме да ги добиеме и вакцините, во којашто очекуваме да ги надминеме последиците од пандемијата. Следува година на очекување за исполнување на нашата следна стратешка цел, заедничка наша цел и определба за членство во Европската Унија и по тој повод да ги отвориме пристапните преговори“,
рече Џафери.
