Годинава што измина ни докажа дека сите дишиме ист воздух и дека не грее исто сонце и оти само обединети може да триумфираме, посочува претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во честитката што ја упати до граѓаните по повод новогодишните празници.
„Годината што ја оставаме зад нас беше тешка и многумина од нас изгубија членови од семејствата, пријателите и познаници како резултат на пандемијата, затоа денес сочувствувам и се солидаризирам со сите овие семејства и апелирам за дополнителна
наведува Ахмети.
грижа за време на празниците и периодов кој ни претстои. Истовремено, сакам да изразам голема благодарност до медицинскиот и полицискиот персонал заедно со сите други кои беа и сè уште се на фронтот во битката со невидливиот непријател во текот на оваа тешка година“,
Тој потсетува дека, обединети и еднакви, оваа година станавме членка на НАТО и добивме зелено светло од Европската Унија за пристапни преговори со што се заокружи повеќедеценискиот сон и
нашата определба.
„Обединети победивме на изборите во јули и постигнавме договор за коалиција којшто беше поздравен од сите, додека денеска го спроведуваме истиот. Дозволете ми да се обратам на секое семејство, на секој од вас каде и да сте, во нашата земја, во Албанија, Косово, Црна Гора, Прешевската долина, на дијаспората, со најискрени и најљубезни желби за подобра, посреќна и поздрава година, заедно и сплотени едни со други“,
вели Ахмети.
