Според податоците на Управата за водење матични книги Сара е најчестото женско, а Матеј најчестото машко име во земјава во 2020-та година.
Меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Јана, Јована, Марија, Софија, Асија, Елиф и Туана, додека кај машките деца најчести имиња покрај Матеј се и Тадеј, Александар, Калин, Увејс и Дијар.
Како специфични имиња кои родителите изминатава година им ги даваа на своите новороденчиња се Антигона, Дуња, Аника, Валерија и Калија.
Според статистиката, минатата 2019 година најчести имиња кај новородените женски бебиња биле Дениција, Михаела, Јана и Катерина, додека кај машките деца најчести имиња биле Давид, Михаил, Стефан и Калин.
