Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари. Наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 ќе продолжи на 21 јануари, иако имаше барања поради пандемијата, распустот да трае подолго.
Од Министерството за образование се на став дека нема причина за продолжување на распустот, бидејќи училиштата, како што велат, не се ризик за трансмисија на животот.
Посочуваат дека повеќето ученици наставата ја следат онлајн и дека само еден отсто од учениците и професорите што следат настава со физички присуство досега се инфицирале со ковид-19.
Оваа година првото полугодие траеше пократко, три месеци, зашто согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.
