Вечерва на подрачјето на скопски Бит пазар полицијата запленила над 30 000 парчиња пиротехнички средства, при што две лица се приведени, соопшти вечерва МВР.

Акцијата била спроведена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје.
Последниве недели полицијата спроведува засилени контроли, при што досега во повеќе акции одземени се илјадници парчиња во ситте делови на земјата.
Пред два дена, во Гостивар, Штип и Битола беа одземени над 30 000 парчиња пиротехника, при што 4 лица беа приведени.
