Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје порача дека доколку има потреба ќе им помогне на пожарникарите во Хрватска во спасувачката мисија по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа најмалку 7 лица, а многумина се повредени.
„Нашите молитви се со братскиот хрватски народ. Поддршка за колегите од противпожарната единица Загреб. Како и секогаш, поддршката и потребната помош ќе ја добијат, ако е тоа потребно. Секогаш на страна на хуманоста и солидарноста“,
порачаа од противпожарната бригата.
Инаку, за ублажување на штетите од земјотресот, Владата на денешната седница донесе одлука за итна финансиска помош во висина од 6 милиони денари (околу сто илјади евра).
