Во болниците во земјава хоспитализирани се вкупно 1 036 пациенти кои се позитивни или суспектни на ковид-19, а бројот на слободни болнички кревети изнесува околу 320.
Од хоспитализираните, 426 се во Скопје, додека останатите 610 се во болниците во внатрешноста.
Во сите болници надвор од главниот град, бројот на хоспитализирани пациенти е двоцифрен.
Најмногу има во Куманово – 84 и во Прилеп – 74. Во останатите градови бројот на пациенти кои се лекуваат во болници е: Охрид 65, Штип 56, Струмица 55, Битола 44, Гостивар 40, Струга 37, Велес 35, Кавадарци 35, Тетово 34, Кичево 18, Кочани 15, Гевгелија 14, Дебар 6.
Во Скопје пак, над 100 пациенти има само на Инфективната клиника – 133 и во Градската општа болница „8 Септември“ 103 пациенти, додека во останатите ковид-центри бројките се двоцифрени.
