Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а отпуштени се 19 оздравени.
Утринскиот пресек направен од Министерството за здравство покажува дека вкупно во скопските болници се лекуваат 426 ковид-пациенти, а слободни се околу 80 болнички кревети.
Најмногу пациенти има на Инфективната клиника – 133 и во Градската општа болница „8 Септември“ 103 пациенти.
Понатаму, на Институтот за ТБЦ има вкупно 29 пациенти, на клиниките за неврологија и нефрологија по 24, на кожната и на клиниката за гастроентерохепатологија по 21, на ОРЛ 17, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти.
