Само во четвртокот евидентирани се повеќе од 32 700 нови случаи на заразени
Во Велика Британија се воведени нови, строги ограничувања за борба против епидемијата од коронавирусот, кои се однесуваат во најголем дел на Шкотска и Северна Ирска, со цел да се запре новиот вид на вирус за кој се верува дека се шири побрзо.
Во Велс ограничуваањата повторно се засилени, кратко време откако тие беа олеснети.
Со денешните мерки, бројот на луѓе во Британија кои се под највисокото ниво на рестрикции наречено „Група 4“, за кои важи препораката да не ги напуштаат своите домови, денеска се зголеми за шест милиони, што вкупно 24 милиони луѓе, или околу 43 проценти од британското население.
Мерките збрануваат мешање на луѓе од различни семејства во затворени простории и дозволено е само илегување или патување кога е неопходно. Препорачата е и да се заатворат спортските сали, базените, фризерниците и продавниците кои не продаваат основни намирници.
Од вчера до денес, пријавени се нови 570 смртни случаи како последица од ковид-19, со што вкупниот број на починати во Британија достигна 70 195. Само во четвртокот, евидентирани се повеќе од 32 700 нови случаи на заразени.
По бројот на смртни случаи, Велика Британија е втора во Европа, зад Италија.