Бројката на оздравени е 56 743, на починати 2 354, а на активни случаи изнесува 20 718
Речиси 80 илјади заразени со ковид-19 се регистрирани во земјава во изминатите десет месеци, откако на крајот на февруари беше регистриран првиот случај.
Според денешниот билтен на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79 815, бројката на оздравени е 56 743, на починати е 2 354, а бројот на активни случаи изнесува 20 718.
Освен во Скопје, моментно, голем број активни случаи, над 500, има во Тетово, па во Прилеп, Струмица, Битола, Гостивар, Охрид, Кавадарци…
Попрецизно, според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34417, активни 11660
• Куманово 4547, активни 567
• Дебар 598, активни 122
• Штип 3226, активни 345
• Прилеп 4027, активни 730
• Тетово 4652, активни 951
• Струга 1937, активни 348
• Велес 2655, активни 557
• Битола 2913, активни 677
• Охрид 2266, активни 573
• Кавадарци 1960, активни 569
• Гостивар 3287, активни 632
• Гевгелија 1089, активни 304 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 185 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2207, активни 637
• Крива Паланка 577, активни 114
• Радовиш 587, активни 125
• Крушево 155, активни 66
• Кочани 1555, активни 264
• Пробиштип 436, активни 51
• Демир Хисар 229, активни 40
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 132, активни 16
• Берово 483, активни 77
• Валандово 288, активни 63
• Виница 432, активни 66
• Делчево 656, активни 224 (181 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 186, активни 23
• Свети Николе 1022, активни 137
• Кичево 1533, активни 267
• Ресен 606, активни 136
• Неготино 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Досега во земјата се направени вкупно 386 279 тестирања на ковид -19.
