Министерот за здравство Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија, на која ќе се разговара за тоа нашата земја да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија.
„Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против ковид-19. Досега таков вид помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција“,
велат од Министерството за здравство.
Здравствените власти во земјава досега во неколку наврати потврдија дека, освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, земјава обезбеди вакцини и преку механизмот Ковакс, а во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.