Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, јавно пред телевизиските камери ја прими првата доза од вакцината против ковид-19 на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Целта на јавното вакцинирање е да се убеди јавноста дека вакцината е безбедна.
„Го правам ова за да покажам дека луѓето треба да бидат подготвени да се вакцинираат кога вакцината ќе биде достапна. Немате за што да се грижите“,
рече Бајден.
Тој вакцината ја прими во клиника близу до неговиот дом во сојузната држава Делавер.
Деновиве, јавно треба да се вакцинира и идната потпретседателка на САД, Камала Харис, а минатата недела тоа го направи и актуелниот потпретседател Мајк Пенс.