Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78 434, бројката на оздравени пациенти е 55 155, на починати е 2 314, а бројот на активни случаи изнесува 20 965
Општина Гази Баба предничи пред другите скопски општини по бројот на активни случаи на ковид-19. Според денешната статистика на Министерството за здравство, Гази Баба има 1 712 активни случи, по што следуваат Општина Аеродром со 1 589 и Кисела Вода со 1 560 активни случаи.
Голем број активни случаи има и во Општина Карпош – 1 522, Општина Центар – 1 309 и Ѓорче Петров – 1 071 активни случаи.
Во другите скопски општини состојбата со активни случаи е следна: Чаир – 697, Бутел – 591, Илинден – 312, Шуто Оризари – 187, Сарај – 176, Петровец – 113, Зелениково – 110, Чучер Сандево – 103, Сопиште – 85, Студеничани – 59, Арачиново – 23, 274 се странци, а 116 случаи не се распределени по општини.
Вкупно во Скопје има 11 609 активни случаи на ковид-19, од 33 844 кои се дијагностицирани од почетокот на пандемијата.
Голем број активни случаи има и во Тетово – 970, Прилеп – 792 и Битола – 716. Понатаму следуваат Гостивар -657, Охрид – 627, Струмица – 619, Куманово – 576, Велес – 568 и Кавадарци – 557 активни случаи.
Во Струга има 404 активни случаи, Штип – 362, Неготино – 339, Гевгелија – 314, Кочани – 254, Кичево – 275, Делчево – 211, Дебар – 139, Ресен – 149, Свети Николе- 146, Радовиш-133, Крива Паланка – 121, Берово – 76, Крушево – 68, Виница – 65, Валандово – 55, Пробиштип – 52, Демир Хисар – 39, Македонски брод – 33, Кратово – 24, а во Пехчево има 15 активни случаи.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78 434, бројката на оздравени пациенти е 55 155, на починати е 2 314, а бројот на активни случаи изнесува 20 965.
