На интернет-страницата kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број
Граѓаните што ќе добијат 6 000 денари еднократна поддршка може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања, соопштија денеска од Владата.
Како што се наведува во соопштението, се работи за околу 300 000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.
Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6 000 денари на сметките добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15 000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
На интернет-страницата kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.