Според МВР, мерките се преземаат поради посета на висока странска делегација
Денеска и утре на поширокото подрачје на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим, соопшти МВР.
Овие мерки се преземаат поради официјална посета на претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, чиј домаќин е претседателот на Собранието Талат Џафери. Повод е прославата на 21 Декември – Денот на турската настава.
За таа цел, како што соопштија од МВР, се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
