Германија, Австрија, Франција … се приклучија вечерва кон земјите од Европа кои ги суспендираат летовите од и кон Обединетото Кралство
Австрија и Франција се прилклучија кон листата на земји кои забранија сообраќај со Велика Британија за да спречат ширење на мутираниот ковид-19.
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти попладнево дека се подготвува забрана за сите летови од Велика Британија, со цел да се заштити домашното население.
Achtung: Um die Ausbreitung der gefährlichen #COVID19-Mutation bei uns zu verhindern, wird Österreich zum Schutz der Bevölkerung ein Landeverbot für alle Flüge aus Großbritannien verhängen.
— MFA Austria (@MFA_Austria) December 20, 2020
Забраната од Франција, како што јавуваат тамошните медиуми, се однесува на какви било патувања, со авион, возило, железница или на море и стапува на сила вечерва на полноќ. Само товар без придружба ќе биде дозволен во Франција.
Првичната забрана ќе биде 48 часа, додека Франција разговара со другите земји членки на ЕУ и работи на воспоставување дополнителни контроли на границата.
Холандија, Германија, Ирска, Италија, Бугарија и Белгија веќе ги прекинаа летовите од Велика Британија.
Франција свика состанок на Советот за одбрана – кој се занимава со здравствени ограничувања вечерва да разговара за ова прашање.
Германија, освен за за летовите од Велика Британија, веројатно ќе забрани и летови за Јужна Африка, откако двете земји информираа дека идентификувале нов вид на коронавирус, изјави лпретставник на Владата во Берлин.
Техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхов, информира денеска дека новиот вид на коронавирус, што се појави на југоистокот од Англија, е пронајден и во Данска, Холандија и Австралија.
„Новиот вид на коронавирус се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму“, .
изјави Ван Керхов за Би-Би-Си
Таа потврди дека новиот вид доаѓа од југоистокот на Англија или од Лондон.
Таа додаде дека Обединетото Кралство уште во септември го утврдило постоењето на новиот вид на коронавирус.
„Ние сме загрижени за ширењето на вирусот и фактот дека има многу мутации. Свесни сме дека новиот вид не предизвикува потешки случаи според првичните резултати, но, сепак, студиите се во тек и допрва ќе ги гледаме резултатите“,
изјави таа.
Претходно, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека новиот вид на коронавирус е 70 отсто позаразен од претходните видови.
Европскиот совет денеска организира видео расправа со 27-те земји-членки на ЕУ за ситуацијата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид коронавирус што е откриен во Велика Британија.
Иако во петокот ЕУ – институциите во Брисел и официјално ги почнаа празничните одмори, ситуацијата со ширењето на новиот вид коронавирус во Велика Британија предизвика загриженост и вонредни консултации.
Како и на почетокот на првиот бран од пандемијата со ковид-19, некои земји-членки реагираа независно и ги затворија своите гаранции за патниците од Велика Британија.
Белгија, како седиште на ЕУ, ги суспендира сите летови од Велика Британија, како и директната железничка линија со Лондон