Вкупниот број на пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава, е 1 331 и има околу 170 празни болнички кревети, информираат од Министерството за здравство.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,
стои во соопштението.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациент позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 106 во ковид-центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 72 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 505 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симптоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 113 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.