Најмалку двајца работници се повредени утрово во експлозија во фабрика за вода во српскиот град Зрењанин, јавија локални медиуми.
Повредените се пренесени во болницата во Зрењанин, каде што им била укажана помош.

Се работи за изгореници на рацете, но засега не се знае степенот на повредите.
Експлозијата била предизвикана најверојатно од истекување хлор од уредот за дозирање. Истекувањето е веднаш запрено.
