Европските филмски награди го прогласија романскиот филм „Колектив“ за најдобар документарец. Режисерот Александар Нанау рече дека е добро што конечно европскиот филм се осврнува кон истражувачкото новинарство, бидејќи, според него, во иднината што доаѓа таквото новинарство ќе биде повеќе од потребно.
Филмот раскажува за новинарска редакција која ги следи случувања по пожарот во 2015 година во Букурешт во кој загинаа над 20 млади. Пожарот се случи во ноќниот клуб „Колектив“ за време на настап на познат локален метал-бенд. Неколку недели по трагичниот настан, во болнички услови починаа уште триесетина повредени, но не како резултат на повредите од пожарот. Тогаш, новинарската редакција предводена од спортскиот новинар Каталин Толонтан, одлучи да го разреши случајот со мистериозната висока смртност по болниците. Иако Толонтан дотогаш ги следел само спортските збиднувања во земјата, со овој случај целосно се менува неговата кариера. Нивната истражувачка новинарска работа ја следеше режисерот Александар Нанау и подоцна тој процес се претвори во долгометражен документарен филм кој целосно ги детектира системските пропусти во третирањето на пациентите.
Европските филмски награди се одржаа онлајн, а најмногу награди (четири) однесе филмот „Уште една тура“ на данскиот автор, Томас Винтерберг. Тој ги освои категориите за главната за најдобар филм, за најдобар режисер, најдобар актер за Мадс Микелсен и за најдобро сценарио.
