Во угостителски објект во тетовското село Жеровјане, полилиција заедно со Државен пазарен инспекторат вчера околу 22:35 часот извршила акциска контрола. Биле затекнати 40 гости при што од слобода биле лишени сопственикот на објектот Х.А.(31) од с.Боговиње, тетовско.
Приведениот Х.А. се сомничи дека сторил две кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“, како и двајца гости во објектот И.Д.(30) од Тетово бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја и Е.З.(21) од с. Горно Седларце, тетовско, кај кого била пронајдена марихуана.
Воедно во објектот биле затекнати и седум државјанки на Р.Србија, една државјанка на Р.Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект и истите се лишени од слобода.
Објектот е затворен од Државениот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.