Како и многу други значајни глобални настани, така и овој годинава се одржа на далечина
Кога Комитетот за Нобелова награда го воспостави доделувањето на ова признание во 1895 година, не ни претпоставуваше дека во 2020 година наградата ќе се доделува без присуство на наградените. Како и многу други значајни глобални настани, така и овој годинава се одржа на далечина, при што церемонијата и натаму беше во Стокхолм, но добитниците беа прикажувани како ги примаат своите признанија во домашни услови, во своите дневни соби и во дворовите.

Церемонијата на официјално прогласување и годинава беше во Градското собрание на Стокхолм, со целокупна програма – оркестар чии музичари беа на одредено растојание, со водител на програмата и со претставувачи, но во речиси празна сала. И сето ова се пренесуваше на шведската телевизија.

Кралот Карл Шеснасетти Густаф, кој вообичаено ги доделува награди, се обрати од кралската палата, а неговиот говор лауреатите го следеа од своите домови.
Најспецифична беше сликата од домот на Мајкл Хотон, кој заедно со Харви Алтер и Чарлс Рајс ја доби Нобеловата награда за медицина, и ова највисоко научно признание го прими во својата градина во Калифорнија, облечен во секојдневна облека.

Добитничката на Нобелова награда за литература Луис Глик ја доби и наградата во својата градина во Бостон.

Некои од победниците се одлучија за посвечена облека, како Рајнхард Гензел, кој беше награден во областа на физиката, и иако во наградата ја прими во друштво на своите најблиски, тој сепак носеше костум и вратоврска.






„Се надеваме дека следната година ќе имаме можност да прославиме на традиционален начин“,
рече претседателката на норвешката Нобелова комисија, Берит Реис Андерсен.
Како изгледаше целата церемонија, може да погледнете од видеото во продолжение.
