Протестот поради убиството на 25-годишнот Клодјан Раша вечерва во Тирана почна идентично како и вчера. Граѓаните се собраа пред Министертвото за внатрешни работи каде учесниците ја откорнаа железната заштитна ограда и фрлаа железни шипки, камења и пиротехнички средства врз кордонот полицајци, јавува МИА.
Албанскиот медиуми пак пренесуваат дека во центарот на главниот град се случува „војна“ меѓу демонстрантите и полиција.
„’Војна’ во центарот на Тирана, полицијата за да се заштити себеси и државниот имот користи солзавец и водени топови врз демонстрантиите кои не избираат со што гаѓаат врз полицијата. Извикувајќи ‘Долу диктатурата’, ‘Полицајци фашисти’, тие одзедоа и противпожарно возило, палеа и контејнери“,
пренесе телевизијата Ора њуз.
Освен повеќето од 800 полициски службеници, мораа да интервенираат и припадниците на специјалните полициски единици.
Протести беа организирани и во Корча каде демонстрантите носеле парола на која пишувало „Не ставајте гас маски, ставете панцири“, потоа во Валона, Драч, Берат и други градови.
Во време кога почна протестот во Тирана, премиерот Еди Рама информира дека министерот за внатрешни работи Сандер Лешај поднел оставка, но оваа вест не влијаеше многу врз демонстрантите, пренесува МИА.
Полицијата приведе и повеќе учесници, пред се млади лица. На протестот немаше политички претставници. Има повредени, пред се полицајци, но колкав е бројот нема информации.
