Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1 376 и има околу 160 празни болнички кревети во сите ковид–центри.
„Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците во внатрешноста е пријавено дека се лекуваат вкупно 890 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот“,
соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 115 пациенти, во Прилеп 119, во ковид – центарот во Гостивар 64, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 80 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 51, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар седум позитивни и суспектни на коронавирусот.
„Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“,
велат од Министерство за здравство.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, додаваат од Министерството.