„Коридор 8 е главната артерија што ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море
Ние градиме, го модернизираме Коридор 8 како една од најважните македонски капитални инвестиции. објави премиерот Зоран Заев вечерва на неговиот фејсбук профил.
„Коридор 8 е главната артерија што ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море. Работите на патната инфраструктура на Коридорот 8 се одвиваат на целиот исток на земјата, а само во северо-источниот регион се реализира инвестиција од над 80 милиони евра, со интензивирана изградба на патната мрежа како никогаш досега“,
вели Заев.
Премиерот објави и видео од градежните работи на Коридорот 8, за кој бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева оцени неодамна дека е една од причините за застојот во односите меѓу двете земји.