Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во 13:30 часот ќе соопшти каков став зазела партијата и дали ќе има нов предлог- кандидат за министер за внатрешни работи.
За тогаш е најавено неговото обраќање на прес-конференција во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата не навестуваат дали има промена на позицијата или ќе опстојат на предлогот Драган Ковачки да биде прв човек на полицијата.
*Поврзано: Изборите на 12 април зависат од одлуката на Мицкоски